Најавено четвртото досега најголемо издание на настаните Tech.O на тема “Општествено влијание и еднаквост преку иновација и технологија”

На 7ми март, во хотелот “Александар Палас” ќе се обединат околу 150 претприемачи, бизнис професионалци, основачи на стартапи и претставници на амбасади, организации и комори се со цел да се развие дискусија на една од најактуелните теми на денешницава - “Општествено влијание и еднаквост преку иновација и технологија”.

Настанот ќе го отвори амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет.

Присутните ќе имаат можност да се запознаат со најактуелните прашања на оваа тема и да дознаат повеќе за креирањето на успешни општествено-одговорни кампањи и социјални бизнис модели од страна на говорниците на настанот, вклучувајќи:

Едвард Гонзалес, директор за генерален развој во УСАИД Македонија 

Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг

Љубомир Стојчески, основач на Freshys - прв ресторан за здрава брза храна, кој практикува социјален бизнис модел

Весна Кузмановиќ, ментор за социјални претпријатија

Трејси Спаркс, стратег за иновации и дизајн

После презентациите сите присутни ќе бидат упатени во ‘Social Impact’ делот каде ќе имаат можност да се запознаат и со работата на неколку стартапи, дел од кои и се наградувани за општествено влијание. Сите овие претпријатија користат иновативни пристапи и се залагаат за користење на технологијата за подобрување на работата во различни индустрии; максимално користење на ресурсите и користење на еколошки производи; отворање нови работни места за ранливи групи и друго.

Ова е четврто и досега најголемо издание од серијата на настани организирани од Валосо Хуб под име Tech.О чија цел е создавање почва за поразвиена бизнис и ИТ клима во Македонија преку иновации и нови технологии.

Овогодинешното издание ќе има хуманитарен аспект, што значи дека дел од средствата што ќе се соберат ќе бидат донирани во добротворни цели и искористени за поддршка на социјални проекти.

Доколку сакате да бидете дел од заедницата која на иновативен начин прави разлика во општеството, регистрирајте се на овој линк.

Повеќе информации за настанот можете да дознаете на официјалната веб страна на Tech.O, www.techo.mk.

Коментари

Популарно