Дневен хороскоп

ОВЕН

ЉУБОВ: Трпеливо почекајте нечиј повик или присуство на партнерот. Ќе ве израдува нечија постапка.

РАБОТА: Избегнувајте ризични ситуации во средбата со соработниците. Не ви одговара натпреварувачка атмосфера.

СОВЕТ: Обивете се да ја подобрите концентрацијата.

БИК

ЉУБОВ: Повремено делувате многу напнато бидејќи партнерот има свои интересирања или некој вид на тајни планови. Се наоѓате на емотивна раскрсница.

РАБОТА: Слушате различни изговори за работите кои некој ви ги скратува. Поради лошата концентрација тешко воспоставувате нови деловни контакти.

СОВЕТ: Добро ќе ви дојде средба со пријателите, како и релаксација и опуштање.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Посветете внимание на новите случувања кои кријат од вас поради некои непознати причини или на нечие необично однесување. Сочувајте ја присебноста.

РАБОТА: Не ви се допаѓа сознанието дека некој ги критикува вашите идеи. Избегнувајте избрзаност бидејќи грешките кои ги правите може да имаат двоен ефект.

СОВЕТ: Добро ќе ви дојдат повеќе часа сон и релаксација

РАК

ЉУБОВ: Делувате вознемирено, избегнувајте љубовни нејаснотии во дијалогот со саканата личност или друштво со сомнителна репутација.

РАБОТА: Нема потреба да се надмудрувате. Подобро е да останете во нечија сенка, отколку да започнете работа за која немате доволно интересирање.

СОВЕТ: ДОбро ќе ви дојде активен одмор и релаксација.

ЛАВ

ЉУБОВ: Потребна Ви е емотивна дискреција, бидете повнимателни и избегнувајте авантуристички идеи. Се има своја цена и причинско-последователна врска.

РАБОТА: Нема причина да очекувате нови отстапки од лице кое не ги поддржува вашите бизнис ставови. Губите драгоцено време.

СОВЕТ: Дозволете си себеси некоја забава, како рецепт за добро расположение.

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Имате впечаток дека партнерот крие некои детали во неговата приказна, што дополнително влијае на вашето трезвено расположение.

РАБОТА: Размислете како да го подобрите вашето социјално или деловно влијание. Нема потреба да ги обвинувате другите за Вашиот неуспех.

СОВЕТ: Избегнувајте премногу стресни ситуации.

ВАГА

ЉУБОВ: Вие уживате во друштво на некоја Ваша блиска личност и не саката некој од страна да ја расипе сликата за среќен живот во двојка. Вие имате своја визија.

РАБОТА: Понекогаш знаете да оставите фантастичен впечаток на околината, така што соработниците го очекуваат Вашето мислење за различните бизнис теми.

СОВЕТ: Зрачите со позитивна енергија и делувате како поттик врз околината.

СКОРПИЈА

ЉУБОВ: Планирајте интересна забава во одбрано друштво. Кога се сака се се може, кога има добра волја и ментално-емоционална хармонија.

РАБОТА: Вие сте во добра форма и верувајте во вашите способности. Успехот може да се постигне во комбинација на професионални манири и скриени адути.

СОВЕТ: Зрачите со позитивна енергија

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Делувате напнато, почнува да ви смета нечие присуство или арогантно однесување. Не сакате да ги смалите своите критериуми.

РАБОТА: Понекогаш не е лесно да се препознае тим кој победува и потенцијална загуба. Внимателно анализирајте ги одговорите коие ги добивате од своите соработници.

ЗДРАВЈЕ: Избегнувајте некои напорни или стресни ситуации кои ве заморуваат.

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Доколку ви е важно да го разубавите односот со саканата личност, нема причина да поставувате погрешни прашања и да предизвикувате провокативни ситуации.

РАБОТА: Не ги затварајте очите пред фактите и не ја замолчувајте личноста која се обидува да ве насочи во позитивен правец.

СОВЕТ: Важно е некој да ужива во вашето присуство и да се радува на вашите идеи. Потребна ви е поддршка

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Партнерот има замерки на вашето однесување. Обрнете внимание на изговорените зборови, особено на пораката која се крие помеѓу редови.

РАБОТА: Нема потреба да оспорувате нечие влијание или да се издвојувате од групата на соработници. Создадете си подобри услови.

ЗДРАВЈЕ: Поттикнете кај себе позитивно расположение.

РИБИ

ЉУБОВ: Средбата со едно лице наликува на играта на “емоционално прикривање” и тестирање, наместо искрена размена на чувства.

РАБОТА: Вие сте пред нова деловна дилема. Избегнувајте конкурентски ситуации, особено кога немате потврдени информации.

ЗДРАВЈЕ: Посветете внимание на позитивни работи, опуштете се.

Коментари

Популарно