Вечерва не планирајте ништо!

Премиерната тв-снимка од “Златната бубамара на популарноста” ќе се емитува во недела на “Kанал 5” со почеток во 19:45 часот. Завчера се одржа Бубамара во слата „Борис Трајковски“. Урнебесна приредба, смеење до солзи, гламур, забава.

Преполната сала беше местото за  хумор и сатира, емоции, малку носталгија и сето тоа спакувано онака како што може само Ранко Петровиќ да го замисли. И овој пат Сашко Коцев се надмина себеси, па на публиката точно знаеше што ѝ треба. И тоа „Сè за подобар живот“, мотото на вчерашната приредба. Коцев и компанија ја фатија на смеа – инспирацијата секогаш е политиката и политичарите во земјата.

Коментари

Популарно