Најпосакуваната жена на светот го запроси момчето, но тој ја одбил!

Жената која според анкетите направени на мажи, го има иделното тели, Кели Брук изјави дека го запросила својот долгогодишно момче Џереми Париси, а дека тој ја одбил. За разлика од повеќето жени кои со месеци чекаат партнерот да ги запроси, Кели Брук одлучила работите да ги преземе во свои раце.

Таа ја прекршила традицијата, која налага дека мажот треба да го постави познатото прашање, па одлучила да го запроси своето момче Џереми Париси, но тој ја одбил.

Акгерката за магазинот “OK” раскажа како нејзиното момче ја замолчил додека му го поставувала прашањето, односно да на го прави тоа во јавност. “Кога бевме во Антигва, гледајќи го зајдисонцето го запрашав Џереми дали сака да ме ожени, но тој ми рече да бидам потивка, бидејќи има луѓе околу нас”, откри Кели.

Иако убавата глумица објасна дека сака да има деца, тие сè уште не се приоритет во нејзиниот живот.

“Па што ако немам деца, не е крај на светот. Го сакам својот живот и би морала да се откажам од многу работи за да имам деца, така што тоа не е ми во прв план”, рекла Кели и истакнала дека ѝ е жал поради тоа што не била млада мајка.

Кели Брук и нејзиното момче, италијанскиот манекен и фитнес тренер Џереми Париси се заедно две и пол години, а првиот контакт се остварил кога Кели побарала совет од него за вежбање.

Во една прилика, Кели открила дека таа е “многу сакана и дека работите со Џереми одлично се одвиваат”.

Коментари

Популарно