Страшното невреме ги однесе првите жртви!

Речиси цела Европа денеска се тресеше од студ откако ледениот бран од Сибир постепено се прошири на целиот континент, однесувајќи најмалку три живот, еден во Франција и два во Полска.

Студениот бран од Сибир ја зафати во неделата попладнето Франција, каде што температурата се спушти на минус 10 Целзиусови степени, а ветерот го засилува чувството на студ како да е минус 18 степени, јавува службата Meteo France.

Триесет и петгодишен бездомник е најден мртов во неделата утрото во Валенс, на југоистокот од Франција, каде што живата во термометарот во текот на ноќта се спуштила на минус 3 степени. Првите информации наведуваат на заклучокот дека починал од студ, соопштија локалните власти.

Во Полска две лица замрзнале ноќта кон саботата. Во неделата температурата во текот на денот достигнала до минус 12 Целзиусови степени.

Во Русија државниот метеоролошки завод предупреди дека во периодот меѓу 23-ти и 28-ми февруари земјата ќе ја погодат „невообичаено ниски“ температури. Ноќта кон понеделникот во околината на Москва се очекуваат минус 24 Целзиусови степени, а во некои делови на централна Русија дури и до минус 35 степени. Во речиси цела Русија во следните три дена се очекуваат силни виулици.

Буриан, студениот сибирски ветар, исто така, ја замрзна и Италија, особено нејзиниот северен дел. Властите предупредија на големо намалување на температурите и обилни снежни врнежи. Во Рим, каде што постои страв од голем пад на температурите и мразови, детските градинки и училиштата на сите нивоа ќе останат затворени.

Во Венеција силните ветрови предизвикаа затворање на мост на пристап кон градот, а во Трст налетите на ветрот достигнале брзина до 130 километри на час.

Во југоисточна Европа, невообичаено студено време за овој период од годината се очекува во Романија, од минус 25 степени, како и во соседните балкански земји. Училиштата во Букурешт нема да работат во понеделникот и во вторникот, а слична ситуација е и во трите округа на југот од земјата, каде што се очекуваат големи количества снег.

Во централна Европа, во Австрија и во Унгарија, но и во Велика Британија, Италија и Шпанија, каде што властите го повикаа населението да се подготви за доаѓањето на метеоролошкиот феномен познат како „Москва – Париз“, фронт од извонредно студен воздух кој продира од Сибир.

Сепак, ниските температури во Белгија во неделата не ја спречија групата од стотина капачи на минус 2 Целзиусови степена, колку што биле измерени ви Уи, на истокот од земјата, да скокнат во реката Меус со вода со температура од 3 степан, за да учествуваат во традиционалното годишно „зимско препливување“ на реката, белгиска традиција која трае повеќе од половина век.

Коментари

Популарно