ВИДЕО: Вечерва во Скопје масовна појава на “црн мраз”

Температурите можат да се спуштат без најава во зима, а тоа често води до формирање на опасни ледени површини на македонските патишта, без разлика дали се работи за градска средина или некој регионален пат.

Поради повисоките температури во текот на денот, а силното подмрзнување во вечерните часови, целиот скопски асфалт вечерва е маскиран т.н. “црн мраз”.

Од исклучителна важност за вашата безбедност е да бидете добро информирани. Во продолжение следува детално објаснувње за возење во замрзнати услови.

ШТО Е ЦРН МРАЗ И КАКО СЕ ФОРМИРА?

“Црн мраз” е главен причинител на сообраќајки од потешки размери кои можат да бидат кобни.

Црниот мраз е ист како обичниот мраз. Сепак, овој тип на мраз е специфичен поради тоа што се создава по топење на снегот и изгледа како тенко стакло врз самиот асфалт. Овој мраз може многу лесно да ги залаже возачите бидејќи мразот ја има примено бојата на асфалтот, возачите не знаат дека има мраз, па така, при малку повисока брзина на автомобилот се случуваат катастрофални несреќи.

Погледнете го видеото со детално објаснување:

КАДЕ СЕ ФОРМИРА ЦРНИОТ МРАЗ?

Црниот мраз се формира кога температурата е околу точката на мрзнење.

Се формира на патиштата кога со минусните температури на асфалтот ќе се искомбинира и топлината од гумите на автомобилите.

Најчесто, ќе сретнете црн мраз навечер или рано наутро кога температурите се на своите најниски вредности.

Внимавајте на зони со црн мраз на патишта кои се многу фреквентни, или на делови од асфалтот кои не се директно под сончева светлина. Проблем може да има и на мостовите бидејќи ладнипт воздух исто така може да ги излади двете страни од патот.

Силен знак дека возите низ проблематично подрачје е кога вашето возило наеднаш ќе смени правец на движење без никаква причина, ова најчесто е последица на зона со црн мраз.

ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО НАЛЕТАТЕ НА ЦРН МРАЗ?

– останете смирени

– намалете ги сите можни движења и дозволете му на возилото да помине преку мразот

– не кочете

– обидете се да го држите воланот прав

– ако задните тркала почнат да губат правец (лево или десно) нежно завртете го воланот во ист правец

– доколку свртите во обратна насока ризикувате да се излизгате од патот

– намалете ја брзината со тргање на ногата од педалата за гас

КАКО ДА ГО НАМАЛИТЕ РИЗИКОТ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ ПОРАДИ ИЗЛИЗГУВЊЕ?

– возете бавно

– не се “лепете” на други возила, држете дистанца

– возачкото стакло секогаш треба да биде чисто

– секогаш имајте гуми во добра состојба

– никогаш не користете “круз контрол” во зимски услови

Коментари

Популарно