Заев ги повика на ПРОТЕСТ сите Македонци кои се против промена на името

4ти Март ќе остане засекогаш запишан во Македонската историја. Тоа е денот кога Македонците на сите страни на светот се обединија во одбрана на своите права и вековното име. По 27 години молк и терор, пред се од страна на своите политичари, Македонецот пред светот порачува дека е доволно.

Отвори Сиднеј со 30.000 Македонци на улица, кои мирно, достоинствено и гордо запеаја македонски песни. Собирот се одржуваат и во: Франкфурт – Германија, Малме – Шведска, Вашингтон – Сад, Мелбурн, Сиднеј, Перт и Бризбејн – Австралија, Оукленд – Нов Зеланд, Хаг – Холандија, Лондон – Велика Британија, Крањ – Словенија, Валета – Малта, Канали – Италија, Прага – Чешка и секако во Скопје, на плоштадот Македонија во 13:00 часот.

Енергијата која произлезе од прогласот на двестате иинтелектуалци, мултиплицирана преку протестот на 10.000 Македонци во Скопје на 27ми Февруари на големо невреме, денеска треба да кулминира. Македонците во Сиднеј го најавија тоа и ја изненадија тамошната полиција, па дури и организаторот со посетеноста на протестот. Ред е на Скопје, ред е на нас! Денеска е денот кога Македонецот ќе го искаже својот став или вечно ќе молчи. Денеска е денот да се простиме со сите наши политичари кои не „водеа“ од осамостојувањето до сега и да му покажеме на светот дека можеме и без нив.

Еден од нив, премиерот Зоран Заев, пред неколку дена изјави:

– Протестите во Скопје покажаа дека Македонија е демократска земја, секој има право на протест, но тие што се против компромис со Грција се убедливо малцинство во земјата. Мнозинството граѓани сака да го решиме проблемот и да се зачлениме во ЕУ и НАТО.

Со оваа изјава Заев порача дека секој кој е против промена на името, мора да излезе на протест. Сакајќи или не, Зоран ги покани сите Македонци на протестот. Ако веќе премиерот и владата бараат да покажеме дека сме против преговорите, ако оној кој нема црвени линии мисли дека е мнозинство во оваа држава, човекот кој ги загуби парламентарните избори и на нелегален начин дојде на власт сака да покажеме дека Македонци сеуште има, денеска е денот кога треба да го поздравиме од плоштадите низ светот, а посебно од плоштадот Македонија во Скопје.

27 години трпиме разни бандити на власт. Бескичмењаци, мафијаши, криминалци.... 27 години не убевдуваат дека некој од надвор не мрази, дека Грција е лоша, дека... 27 години го чекаме подобро утре! ДЕНЕСКА дојде тоа УТРЕ! Денеска светот мора да види дека ние не сме Заев, Груевски, Црвенковски, Георгиевски... Ние сме Македонци и горди сме на тоа! Сплотени под црвено жолтата, со полно срце љубов и непокор во очите, заедно најсилни кога е најтешко!

За името, за минатото, сегашноста и иднината, за НАС, за МАКЕДОНИЈА! Се гледаме на плоштад Македонија во 13 часот!

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно