Пробале да продадат студентка како секс- робинка: Приведени 2 мисици

Две учеснички на избор за мис биле приведени поради обид да продадат 18-годишна студентка како секс робинка во држава од Блискиот исток. Обвинетите се задржани на аеродромот Домодедово во Москва, откако се договориле со потенцијалниот купувач.

Приведени биле 22-годишната Ксенија Старикова, мајка на едно дете, и 19-годишната Татјана Петрова. Тие ја убедиле жртвата дека и нашле добро платена работа како дадилка на Блискиот исток, но всушност требало да биде киднапирана, злоставувана и да работи како проститутка во бордел, рекле изворите од руската полиција, пишува “Daily Mail”.

Двете девојки биле уапсени на аеродромот додека Петрова се подготвувала со жртвата да се качи на авион за Турција. Уште не е познато во која земја девојката требала да заврши. Полицијата дознала за нивниот план и нејзините припадници се претставиле како купци, и кога Старикова ги примила парите, веднаш била уапсена.

Старикова била финалистка на изборот за Мис Русија во 2017-та година. Разведена е и има 14-месечна ќерка. Петрова пак е руско-бугарска манекенка и била финалист на изборот “Top Russia International”.

Коментари

Популарно