Апсењето на Симоновски, борба за превласт во СДСМ: Шеќеринска сака да го „елиминира“ Спасовски и да му го завземе местото

Додека МВР молчи, јавноста е преплавена со неофицијални информации поврзани со случајот на приведениот најблизок соработник на Оливер Спасовски, односно негов личен советник. Станува збор за Драган Симоновски кој своевремено е учесник во Шарената Револуција, кадар на СДСМ и близок соработник на Спасовски и еден од првите кадровски решенија унапредени по инфамозниот пржински договор.

Последната информација која кружи во јавноста е од контроверзниот сопственик на Буревесник, Зоран Божиновски кој на својот Фејсбук профил објави повеќе детални информации поврзани со случајот од неименувани извори. Според Божиновски, советникот на Спасовски, Драган Симоновски е наместен од адвокатот Антонио Апостолски против кого, Симоновски пред две недели поднел кривична пријава. Советникот на Спасовски поднел кривична пријава против Апостолски за измама со амин од неговата сопруга судијка во Врховниот суд Лидија Нелкова, со која ја оштетил државата за 160 илјади евра. Апостолкси ги подгинал средствата за оштета кои вусшност биле за странката која лажно се претставувала дека е оштетена. Симоновски наводно бил упорен во спроведување на истрагата и поради неговата одлука да не попушти. Како спасител и помогач на остварување на операцијата за отстранување на Симоновски се наоѓа директорот на БЈБ, Лазо Велковски кој е кадар на Радмила Шеќеринска.

Божиновски вели дека пред недела дена Апостолкси, Неделкова и Велковски се сретнале во скопската кафеана Меана и договориле притвор за Симоновски. Имено Симоновски е човек од доверба на Спасовски и зад неговото приведување постои сомневање дека стои Радмила Шеќеринска. Според проверени информации кои доаѓаат одвнатре во МВР, Шеќеринска и Спасовски веќе подолг период не се во добри односи и токму поради ова Шеќеринска расчистува со кадрите на Оливер. Сликата се комплетира доколку во предвид го земе фактот дека токму одговорниот за неговото апсење, Лазе Велковски директорот на БЈБ е кадар близок до Радмила Шеќеринска.

Борбата за превласт во владата помеѓу Спасовски и Радмила се одвива веќе подолг период . Поради отсуството на Заев од државата кој за 9 месеци прошета повеќе држави од Тито, Спасовски има речиси премиерски ингеренции и е задолжен за водење и спроведување на домашната политика кога Заев е отсутен. Радмила Шеќеринска која подолго време е во партијата сака да го елиминира и завземе неговото место.

Коментари

Популарно