(ВИДЕО) Хулиганите на Лил влетаа на терен да ги тепаат фудбалерите

По хаосот што го создадоа навивачите на Вест Хем, идентична работа вечерва направија нивните колеги од Лил/

Неколку десетини фанови по завршувањето на мечот со Монпеље влетаа во теренот со намера да ги истепаат своите фудбалери за ремито 1-1. Имаше и физички пресметки, но на крајот полицијата успеа мирно да ги спроведе играчите до соблекувалните.

Незадоволните навивачи на Лил се заканија дека ова не е се и дека ќе продолжат со слични постапки ако играта на нивниот тим не се подобро. Шампионот од 2011 година е на претпоследното место на табелата во Лига 1, но заостанува само еден бод од екипите кои се во безбедната зона.

Она што ги плаши навивачите е фактот што последната победа тимот ја оствари кон крајот на јануари.

Коментари

Популарно