ХОРОР: Дадилка дрогирала дечиња за да спијат

Џенуари Недрлин, бивша сопственичка на градинка во Орегон , е осудена на 21 година затвор затоа што ги дрогирала децата за да може да оди во солариум додека тие спијат.

Таа 4 години ја  водела непријавената градинка, а  родителите ги лажела дека е медицинска сестра.

На полицијата ја исцинкарил нејзиниот бивш дечко. Откако почнале да ја следат, утврдиле дека таа постојано излегува до куќата во која, секојдневно,  чувала седум деца.

На родителите таа им  кажувала да не доаѓаат по децата во периодот помеѓу 11 и 14 часот, бидејќи тогаш децата “спијат”.

За да ги успие , таа користела дрога мелатонин.

Едно од децата  завршило во болница со изгореници и повреди на главата, а лажната дадилка признала дека по грешка на детето му дала жешко шишенце со млеко.

Коментари

Популарно