Уставниот суд им скина по 7.000 денари од плата на Вицепремиерите на Заев

Уставниот суд им скина по околу 7.000 денари на вицепремиерите во Владата на Заев. Шеќеринска, Анѓушев, Спасовски, Османи и Лика со одлука на овој суд ќе ќе примаат помала плата, односно иста како и сите други останати министри.

Уставниот суд на претставка на Левица одлучи дека тие немаат право да добиваат коефициент од 4 по просечната плата туку 3,7 како и сите други министри.

За да ја направиме математиката ќе ја земеме последната просечна плата објавена од Државниот завод за статистика, која се однесува на декември минатата година, иако според Законот за плати на функционерите како основица со која се множи коефициентот се зема просечната годишна плата за 2017 година. 

Според Државниот завод за статистика во декември просечната плата изнесувала 23.850 денари.

Кога оваа сума ќе ја помножиме со 4 ќе се добие дека Вицепремиерите добивале по 95.400 денари месечна плата или нешто повеќе од 1.550 евра месечно.

Со намалувањето, нивната плата ќе изнесува 88.245 денари или нешто над 1430 евра месечно.

Разликата меѓу двете плати е 7.155 денари или 116 евра месечно.

Коментари

Популарно