Ме викаат папучар, но не ми е гајле

Титулата „папучар“ ја добиваат оние мажи кои ги третираат своите сопруги како рамноправни партнери во бракот и домот. Еден од „нив“ се исповеда и треба да му се даде признание.

„Еден мој пријател ми дојде на кафе, седнавме и разговаравме за животот … “Отидов на момент да ги измијам садовите кои останаа во мијалникот,” му реков.

Тој ме погледна како да сум му кажал дека отидов да конструирам вселенски брод. Ми рече со восхит, но малку збунето:

“Добро е за тебе што ѝ помагаш на жена ти, кога јас ќе го направам тоа, жена ми тоа не го цени. Еден ден го избришав подот, ниту благодарам не ми кажа.”

Се вратив да седнам со него и објаснив дека јас не ѝ помагам на жена ми.

“Мојата сопруга нема потреба од помош, нејзе ѝ е потребен партнер.

Јас сум партнер во куќата и поради тоа партнерство се поделени задачите, но сигурно не се работи за помош во куќата.

Не ѝ помагам на жена ми да се исчисти куќата, затоа што живеам тука, па морам и јас да чистам.

Не ѝ помагам на жена ми во готвење, бидејќи и јас сакам да јадам и затоа треба да готвам.

Не ѝ помагам на жена ми да ги измие садовите по јадење, затоа што и јас сум го користел приборот за јадење.

Не ѝ помагам на жена ми околу децата, бидејќи тие се и мои деца, а мојата улога е да бидам татко и родител.

Не ѝ помагам на жена ми да простира и пегла облека, бидејќи тоа е и мојата долна облека и облека на моите деца.

Јас не сум помош во домот, јас сум дел од куќата.

А што се однесува до фактите, го прашав кога последен пат, откако завршила со чистење на куќата, со перење облека, откако ја сменила постелнината на креветот, ги избањала децата, зготвила, организирала и така натаму, ѝ рекол благодарам? Но, благодарам од типот: “Леле! Жено моја! Ти си прекрасна!”

Дали ти се чини апсурдно? Ти изгледа чудно?

А ти кога, еднаш во 100 години, го исчисти подот, очекуваше минимум награда за квалитет, со многу слава.

Зошто? Дали некогаш си размислувал за тоа, пријателе?

Можеби поради тоа што, според тебе, сето тоа се нејзини обврски? Можеби затоа што си навикнал сето тоа да се заврши, а ти ниту со прст да не мрднеш?

Значи, цени како што би сакал тебе да те ценат, на ист начин и со ист интензитет.

Испружи ја раката, однесувај се како вистински партнер, а не како гостин, кој дошол само да јаде, спие и се мие …

Коментари

Популарно