Ванковска: Дали Албанците во Македонија се толку кусогледи за да не ја видат оваа проѕирна националистичка манипулација

Професорката Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил, уште еднаш го искажа ставот за евентуалното донесување на Законот за јазици во собранието и целата процедура околу истиот.

- Законот за јазиците, доколку биде донесен како што се најавува (а работите така стојат во моментов), ќе остане запомнет како епитаф на (правната) држава во Македонија: предложен и процесиран во флагрантно неправна постапка, со материјални одредби кои се неприменливи и противуставни, и со изгласување по истекот на рокот од 30 дена од првото изгласување, по што Претседателот стави суспензивно вето. Ова треба/ше да биде аларм за сите што имаат макар елементарно правно знаење или барем правна култура. Но, не е така: си молчат или спинуваат (дека критичарите на законот се само обична сурија, прасиња, примитивци,националисти и албанофоби). Правната битка ќе продолжи, колку и да изгледа бесполезна, но политичките и општествените последици ќе бидат катастрофални. Безбедносните прогнози стануваат се' полоши. Не знам кому ќе му донесе добро закон со кој се газат елементарните претпоставки на правната држава? Се прашувам: дали Албанците во Македонија се толку кусогледи за да не ја видат оваа проѕирна националистичка манипулација, која сите заедно не' чини скапо и во смисла на елементарните демократски претпоставки, и во финансиска смисла, но и во социјална и безбедносна.

Коментари

Популарно