Петицијата на Фејсбук успешна - Законот за јазици падна!

Искрено, тешко ми е да го пишувам текстов. На ваков ден, предизвик е да се остане рационален и да се напише текст без емоци, но еве ќе се обидам.

Овој пат ќе одам со точки:

1. Не сум од оние кои се воодушевени од потегот на Груевски во собранието. Премалку и предоцна. Имаше кога тој да покаже дека уставот, законите, државата му значат нешто. Од моментот на првата објавена бомба, кога МВР под власт на ВМРО мораше да го уапси Заев за нелегално стекнати прислушкувани разговори, па се до 27ми Април. Можеше Груевски да докаже дека е патриот, но напротив, докажа дека личниот интерес му е пред се. Ова вчера беше уште една сцена од глумата на „големиот“ лидер.

2. Кога сме кај екс премиерот, вчера Фокус објави, а многумина споделија „наводен“ документ договор меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, во кој пишува дека и партијата на Груевски се сложила на закон за двојазичност. Не дека текстот е било каков доказ, затоа што и јас сега тука можам да искуцам сличен, но еве да земеме дека е реален и дека договорот постоел. И? Како тоа го оправдува носењето на неуставен закон? Не ве разбирам сите вас кои го споделувате, која ви е поената? Како ако го донел Груевски мора да е добар? Или и сега не чини, ама и Груевски ќе го донел? Па што? Пак исто ќе беше неуставен!!! Разликата е што тогаш вие ќе баравте да биде повлечен, а сега го славите. Зошто е тоа така, тоа вие си знаете.

3. Ако сеуште има граѓани на кои не им е јасно дека законов е НЕУСТАВЕН ќе ви спомнам само три податок, а вие обидете се да излезете од партиско етничкиот балон и размислете.

- Овој закон, изгласан со просто мнозинство (значи 61 пратеник - иако во случајот се 64), менува членови во други закони за чија промена во УСТАВОТ пишува дека можат да се менуваат само со 2/3 мнозинство (80 пратеници)! Јасно е сега?

- Изминаа 30 дена одредени за повторно разгледување на законот. „Ако претседателот на Републиката одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува во фаза на трето читање, во рок од 30 дена од денот на донесувањето“ 

- На сето ова слободно додадете ја процедуарата, во забрзана постапка, без право на амандманска расправа и лажното европско знаменце.

4. Законот, освен НЕУСТАВЕН е непрактичен и неспроведлив, затоа што се коси со многу други закони!

5. Законот нема никаква врска со правата на Албанците, туку само со поени за ДУИ на следните избори. Сето ова од проста причина, дека овој закон никогаш нема да профункционира.

6. Законот е НЕПОТРЕБЕН! Дури и ваков каков што, НЕУСТАВЕН, истиот не е реално решение за потребите на Албанците кои живеат во Македонија. Знам дека албанските политичари го рекламираат пред својот електорат како голема победа, но обичнниот Албанец нема да добие ништо, напротив ќе изгуби.

7. Апсолутно е јасно дека овој закон во многу ќе ја влоши меѓуетничката состојба во Македонија и со тоа сите ќе загубиме, па и Албанците. Верувајте, колку и да им е јасно на Македонците дека сето ова е игра на политичките лидери на ДУИ и СДСМ, на крајот дел од негативната енергија ќе се заврти и кон обичниот Албанец. Не би сакал да е така. Би сакал сите да разбереме дека народот нема никаква врска со законот, без разлика на својата етничка припадност, но моето искуство вели дека поделбата ќе се продлабочи и тоа многу.

8. Законот НЕ може да стапи на сила без потпис на указот од страна на претседателот Иванов, кој веќе најави дека повторно ќе го стопира . Ок, „не може“ е силен термин. Не може ни претседател на собрание да се избере во сред сала без седница со гласање на жими мајка. Не може да се донесе закон без амандманска расправа за која се поднесени 35.000 амандмани. Не може да се направи влада со услов „Тиранска платформа“. Не може .... многу тоа „не може“ веќе видовме. Видовме и „добросодедски“ договор со Бугарија и преговори со Грција без црвени линии! Видовме шарени твитерџии кои се продадоа за ситни парички и фотељи. „Револуционери“ кои се бореа тие да бидат новото ВМРО. Видовме како истиот Иванов побара гаранции од Заев и.... Затоа и ова „не може“ не влева многу сигурност дека законот нема да стане официјален.

9. Ако и тоа се случи, последната бариера е Уставниот суд. Истиот оној кој 2 години не се изјаснува за неуставното СЈО.

10. Откако сите институции ќе потфрлат, народот може да ја земе правдата во своите раце. Во нашиов случај тоа би значело илјадници, ако не милиони статуси на Фб и твитови по Твитер! Има да се распишуваме ко луди за „предавниците“, за мајка Македонија, за погребот на татковината. На улица? На улица, вчера пред собрание, 200 луѓе! И да, атмосфера како за погреб! Седете си дома луѓе и попунувајте петиции на ФБ! Така се брани држава! Еве на пример Франција така го доби спорот со... Не, Грција така... Британија??? Сериозно мислите дека на некој му е гајле колку луѓе потпишале некаква петиција на Фејсбук? Озбилно? Као ако се собереме 100.000 потпишани, законот ќе се самозапали по автоматизам?!!! АААА не со ПЕТИЦИЈА!!!! Не сте ми  јасни. Само вчера прочитав мал милиони статуси против законот за јазици од моите ФБ пријателчиња. Сите бесни, повредени, гневни на Заев и компанија, но никого не видов пред Собрание. Сите им се закануваат на СДСМ и ДУИ со „народот“, но не сакаат да бидат дел од „народот“. Тоа ваљда некој друг треба да излезе на улица и да каже доста е?! Сите чекаат да се роди Гоце Делчев, да се врати Никола Карев, да тргне Даме Груев.... Зарем мислите дека и тие македонски историски великани ќе можеле се сами, без поддршка од месното население. Поддршка што некогаш значела и смрт или данок во крв! Што ќе изгубевте вие ако искочевте вчера пред собрание? Што ќе изгубите следниот пат кога нема да излезете на протест против рушењето на уставниот поредок во Макеоднија? Заев е „црпнат“, кое е вашето оправдување?

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно