ВИДЕО: Кокодака и испушта чудни звуци - Ова е фаворит за победа на Евросонг!

Песната „Toy“ е објавена во неделата, а веќе има над 1,8 милиони прегледи на ЈуТјуб.

Израелската претставничка на Евровизија, Нета има интересна и необична песна во која таа прави звуци налик на кокодакање.

Нејзината песна предизвика голем интерес и надвор од Израел и важи за еден од фаворитите на годишениот Евросонг кој ќе се одржи во Португалија.

На еден од официјалните блогови посветени на оваа најголема музичка манифестација, пишува дека оваа песна е автентична и поинаква и ги има сите елементи за победа.

Коментари

Популарно