Вознемирувачко ВИДЕО: Насилство кое ја згрози планетата - познат спортист на скали брутално ја претепа својата девојка со клоци и тупаници

Бејзбол играчот Данри Васкез доби отказ во клубот откако се појави снимката на која се гледа како брутално ја претепа својата девојка.

Спортистот од Венецуела е уапсен откако безбедносните камери во зградата го снимија екстремно насилното однесување на Васкез.

-Немавме избор, моравме да го отпуштиме! Никој во клубот, вклучувајќи ме и мене, не може да толерира вакво однесување, рече менаџерот на Ланкестер, клубот во кој настапува насилникот.

Полицијата дошла до насилникот два дена по инцидентот, меѓутоа обвинувањата се отфрлени зошто тој платил парична казна и ќе оди на групно советување кое му е пропишано со закон.

-Да, го видовме видеото. Секој пат кога маж ќе повреди жена, тоа е ужасно. Се надевам дека тоа повеќе нема да се случи. Се надевам дека Васкез повеќе нема никого да повреди, рече обвинителот Марк Гонзалес кој го водеше случајот.

Коментари

Популарно