Нова трагедија: Почина 20-годишен норвешки младински репрезентативец

Нова фудбалска трагедија го потресе светот денеска, по смртните случаи на капитенот на Фиорентина Давиде Астори и на талентираниот француски фудбалер Томас Родригес, откако во болница починал 20-годишниот Норвежанец, Адријан Лилебек Овлиен.

Фудбалерот, кој има 47 настапи за младинските селекции на Норвешка починал во клиниката „Улевал“.

„Адријан почина од акутна инфекција. Нашите мисли сега се со семејството и неговите најблиски. Ги замолуваме играчите и стручниот штаб да не коментираат ништо за случајот и ги повикуваме медиумите да ја почитуваат приватноста“, објавија од неговиот тим Конгсвингер.

Причина за смртта не е позната, а Аге Хенинг Андерсен за „Дагбладет“ изјавил дека немаат повеќе информации од основната дека починал од акутна инфенција, ниту пак како Овилен ја добил таа инфекција.

„Ова е најтажен ден во клупската историја. Сите сме шокирани“, рекол Андерсен.

Адријан според зборовите бил момче кое сите го сакале во клубот, а од 2012 година е член на младинските селекции, почнувајќи од таа до 15 години, па се до репрезентацијата до 19 години со вкупно речиси 50 настапи, од кои најмногу во 2013 и 2015 година, кога по 14 пати го носел дресот на националниот тим во категориите до 16 и до 18 години.

Коментари

Популарно