(ВИДЕО) Ги предупредил дека може да дојде до катастрофа, но никој не се јавувал на телефон

Инженер оставил гласовна порака два дена пред рушењето на мостот во Мајами, во која предупредил дека е пронајдено пукање на едниот крај на мостот, но таа порака никој не ја преслушал, соопштил службеник од одделението за сообраќај на Флорида.

Службеникот рекол дека говорната пошта е преслушана дури по колапсот, бидејќи работниците, според договорот, биле надвор од канцеларијата кога пораката била оставена.

Властите на Флорида во петокот, ден по рушењето на мостот, соопштиле дека по “стрес тестот” се олабавиле сајлите на кои висел пешачкиот бетонски мост тежок 950 тони.

Во таа несреќа најмалку шест лица го загубиле својот живот, а тимовите за спасување внимателно ги пребаруваат урнатините во потрага по други жртви.

Сенаторот Марко Рубио на Твитер напишал дека градежната компанија која била ангажирана, наложила сајлите, кои по стрес тестот се олабавиле, да се затегнат, по што мостот се урнал.

Мостот бил изграден пред една недела за само шест часа со релативно нова, но популарна метода.

Вредноста на мостот е 14,2 милиони долари, а официјално требало да биде отворен следната година.

Коментари

Популарно