Ричард Гир ја отвори душата: Не можете да избегате од сопствениот отров

На една од многуте фан страни се појави животна порака од Ричард Гир која секој би требало да ја прочита.

-Мајката на мојот пријател се хранеше здраво целиот живот. Никогаш не консумираше алкохол, ниту било каква „лоша“ храна, вежбаше секој ден, многу активна, ги земаше сите суплементи кои и ги препорачуваше докторот.

Никогаш не излегувајте на сонце без заштита, а кога ја немате бидете изложени на сончева светлина што е можно пократко.

Денес таа има 76 години, има рак на кожата и коските и екстремна остеопороза.

Таткото на мојот прјател јаде сланина над славина, путер над путер, никогаш не вежбаше, беше на Сонце секој пат додека не изгори, буквално секој пристап кон животот му беше во максимум изживеан, а не како што другите му говореа, тој не внимаваше на ништо.

Денес има 81 година и лекарите му велат дека неговото здравје е како на млад човек.

Луѓе не можете да се скриете од својот отров. Тој е таму некаде и ќе ве најде. Зборовите на мајката на мојот пријател беа: „Да знаев дека животот ќе ми заврши на ваков начин, ќе го живеев во максимум, уживајќи во сѐ што ми е кажано дека не треба.“

Никој од нас нема да си замине жив, затоа ве молам да престанете кон себе да се однесувате како што другите сакаат. Јадете вкусна храна, шетајте по сонцето, пливајте во океанот. Кажете ја вистината која ја носите во срцето. Бидете блесави. Бидете љубезни, чудни. Нема време за ништо друго, раскажал славниот актер.

Коментари

Популарно