Раното откривање на глаукомот го чува видот!

Глауком е името за неколку состојби на окото во кои е оштетен оптичкиот нерв во точката каде излегува од окото. Овој нерв содржи информација од слојот на окото кој е осетлив на светлина, рожницата, до мозокот каде се добива како слика.

На вашето око му е потребен притисок за да го одржува окото во форма такашто ќе работи правилно. Кај некои луѓе, штетата е предизвикана од зголемен очен притисок. Други може да имаат очен притисок во нормалните граници но штетата настанува бидејќи постои ослабнување во оптичкиот нерв. Во повеќето случаи двата фактори се вклучени но во променлива мера. Очниот притисок во голема мера зависи од крвниот притисок.

Причини

Што го контролира очниот притисок во окото?

Слој од клетки позади ирисот (обоениот дел од окото) произведува водена течност. Течноста поминува низ дупче во центарот на ирисот (наречен зеница) за да го напушти окото низ мали дренажни канали. Овие се во агол помеѓу предниот дел од окото (наречен корнеа) и ирисот и ја враќаат течноста во крвниот систем. Нормално произведената течност се балансира со истекувањето на течноста, но ако не може да истече или се произведе премногу течност, тогаш очниот притисок ќе се зголеми. (Оваа водена течност не е поврзана со солзите).

Зошто зголемениот очен притисок може да биде сериозна работа?

Ако оптичкиот нерв се најде под голем притисок тој може да биде повреден. Колку ќе биде оштетен зависи од тоа колку е висок притисокот и колку долго траел и дали има слабо снабдување со крв или друга слабост на оптичкиот нерв. Навистина висок притисок веднаш ќе го оштети оптичкиот нерв. Помал притисок може побавно да го оштети окото и во тој случај ќе дојде до бавно губење на видот ако окото не биде лечено.

Колку е чест глаукомот?

Се проценува дека преку 2.2 милиони американци имаат глауком но само половина од нив знаат дека го имаат.

Глаукомот е втора водечка причина за слепило во светот, според светската здравствена организација.

Други ризични групи вклучуваат: луѓе постари од 60 години, членови на фамилии каде веќе бил дијагностициран глауком, дијабетичари и луѓе кои се многу кратковиди.

Проценките покажуваат дека бројот на случаи на глауком се преку 60 милиони во светот.

Раса – кај црнците глаукомот се појавува 4.5 пати почесто отколку кај белците

Наследување – Научниците веќе пронашле неколку гени, чии носители може да имаат поголем ризик за добивање на глауком.

Симптоми на глауком:

Иако некои типови глауком се појавуваат без симптоми, одредени симптоми бараат итна медицинска помош:

- губење на периферниот вид (ова е обично прв знак за губење на видот, предизвикан од глауком)

- рефлексија околу светлата (ако гледате одблесок околу извор на светлина или имате зголемена чувствителност на светлина, може да биде знак на глауком)

- црвенило околу окото пропратено со болка може да биде знак на повреда, инфекција или акутен глауком

- заматено око (матна рожница е обично знак за глауком во детството)

- мачнина или повраќање и болка во окото

- болка во окото или главата е чест симптом за глауком со затворен агол

- намалување на видното поле (тунелски вид), губење на рабовите на видното поле.

За среќа постојат многу начини за третирање на глаукомот. Некои луѓе може да искусат споредни ефекти од лековите или оперативните зафати, но ризикот од споредните ефекти секогаш треба да биде балансиран со поголемиот ризик од не третирање на глаукомот и губење на видот.

Коментари

Популарно