По сончевиот викенд, ни доаѓа СНЕГ!

Врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни попладне во западните и северните делови, најави од Управата за хидро-метеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од осум до 12 степени.

Во вторник ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен ветер. Во среда врнежи ќе има претежно во западните делови. Значително заладување од УХМР очекуваат од четврток, поради што врнежите на повеќе места ќе преминуваат во снег.

Коментари

Популарно