Што ја тера да посака СЕКС?

Научниците го поврзаа хормонот киспептинот со процесот на пубертет и регулирањето на репродуктивната функција. „Не можевме да замислиме како мозокот ја поврзува овулацијата и сексуалната желба, а сега сфаќаме дека овие процеси се паралелно контролирани од една молекула во различни делови на мозокот“, се вели во студијата.

Киспептинот кој делува како вијагра на мозокот почнува да се лачи дури и кога гледате среќни заљубени двојки, или пак романтични секси фотки.

Хормонот бил откриен во 1996 година. Тој е природен хормон кој го стимулира ослободувањето на други полови хормони.

Се претпоставува дека нивоата на киспептин нагло се зголемуваат за време на пубертетот, што резултира со ослободување на тестостерон, естроген и прогестерон кај луѓето, предизвикувајќи нивното тело брзо да влезе во сексуална зрелост. По пубертетот, нивото на овој хормон постепено почнува да опаѓа.

Кога се прима со инјектирање, брзо стигнува до мозокот и почнува да делува. Ефектот е доста брз - активирани се мозочните невронски врски кои даваат импулси за сексуално возбудување, како и области на мозокот поврзани со перцепциите на љубовта, романтиката и нежноста, а ги стимулираат и центрите за мозокот за наградување и задоволство.

Киспептинот влијае и на регулирање на расположението, намалување на негативноста и слично.

Токму поради тоа, истиот може да се користи не само за лекување на биолошките проблеми, туку и за емоционални, кои играат огромна улога во зачнувањето.

Ефективен кај мажите и жените, овој хормон има потенцијал да им помогне на милиони луѓе.

Заради ова, експертите препорачуваат да се бакнувате што е можно повеќе, да гледате романтични филмови, да читате романтични книги со што ќе го стимулирате мозокот самиот да го лачи овој хормон.

Коментари

Популарно