Тајната на среќниот брак во само две реченици!

Бракот на еден човек бил во криза и дошол кај неговиот Учител по совет.

Учителот му рекол: „Научи да ја слушаш својата жена.“

Човекот го прифатил советот на Учителот.

После еден месец се вратил за да каже дека научил да го слуша секој збор кој неговата жена го изговарала.

Учителот низ насмевка му рекол:

„Сега оди дома и слушај го секој збор кој твојата жена не го кажува.“

Коментари

Популарно