Фондот нека ги лекува жените и трудниците,наместо гинеколозите!

Матичните гинеколози револтирани реагираат дека Фондот за здравствено осигурување не соработува доволно со нив и покрај тоа што во неколку наврати се обидувале да имаат средба со одговорните лица на оваа институција. Токму затоа тие најавија дека ќе издаваат само упати на пациентките до клиниките и болниците, бидејќи Фондот за здравствено осигурување очигледно не сака да ги слушне нивните барања и проблеми.

Од Здружението на матични гинеколози образложуваат дека и покрај тоа што два месеца се обидуваат да воспостават контакт со ФЗОМ, сепак нивните барања кои се однесуваат на пакетот за здравствени услуги не се разгледуваат и нема конретно решение.

Дел од нивните барања се и зголемување на капитацијата, поделба на пациентките по возрасни групи и воведување на коефициенти за нив исто како и кај другите матични лекари, како и пакет на услуги за да се знае кои услуги ги бара ФЗОМ за таа капитација, во и вон бременост.

Ваквата одлука Упарвниот одбор на здружението на приватни гинеколози ја донел поради притисокот од пациентките кои не сакаат да им се наплаќа за услуги кои се бесплатни, како и притисокот на медиумите и целокупната јавност.

-ФЗОМ својот игнорантски, деградирачки, арогантен, популистички и банкарско-лихварски однос постојано и систематски се обидува да го стивне гласот на добриот доктор, делувајќи како еден од позначајните фактори на страдање на докторската заедница-реагираат од здружението на матичните гинеколози.

Откога јавно проговорија гинеколозите се јави и Фондот за здравство од каде велат дека не сака преку медиумите да комуницира со своите партнери и токму затоа најавија средба со Здружението на приватни гинеколози

-Фондот за здравствено осигурување на Македонија не претпочита комуникација преку медиумите, со своите стратешки партнери, па поради тоа, сакаме да ја информираме јавноста дека во најбрз можен рок е предвидена средба на менаџментот на Фондот со претставници на ЗПГАМ. Сите одлуки кои ќе бидат заеднички донесени ќе бидат навремено соопштени- велат од ФЗОМ.

Според нив матичните гинеколози се најскапо платените специјалисти во Репулбика Македонија, со просечна месечна исплата од 169 илјади денари по тим. Колку за споредба, тоа е повеќе од 55.500 денари отколку што Фондот исплаќа на општ матичен лекар.

Од ФЗОМ потврдуваат дека матичните гинеколози се важна карика во здравствениот систем, бидејќи се грижат за репродуктивното здравје на жените, а водено се во помал број од предвидениот во Република Македонија. Фондот го препознава овој факт и затоа континуирано одржува редовни средби со Здружението на приватни гинеколози на Република Македонија (ЗПГАМ).

-Точно е дека пред два месеци беше последната средба, на која Здружението презентираше неколку барања, пред се од финансиски аспект. Фондот секогаш ги носи своите одлуки во интерес на своите осигуренички, а пред се, во насока на обезбедување на кавлитетна и навремена задравствена заштита, па така и овојпат, партнерски ги разгледува можностите за изедначување на капитациониот бод за матичните гинеколози со другите матични лекари- велат од оваа здравствена институција и дополнуваат дека нивните барања предвидуваат и нови финансиски средства.

Коментари

Популарно