Денеска облачно со краткотраен дожд, но невремето допрва доаѓа

Времето во Македонија претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а во планинските делови на исток и особено на запад ќе има услови за краткотраен дожд, на високите планини од слаб снег. Во посеверните делови ќе дува претежно умерен западен ветер, а во југозападните и јужните делови ветерот повремено ќе засилува. Попладне облачноста ќе се намали.

Утринската температура ќе се движи од два до шест, а дневната од 11 до 19 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно со услови за појава на слаб дожд, а  попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Во среда повторно ќе има врнежи кои ќе бидат поинтензивни на запад и потоа ќе се прошират кон север, а врнежите ќе бидат од снег понекаде во овие подрачја и на 1500 метри. Од ноќта кон четврток ќе има значително заладување поради што врнежите кои од ноќта ќе се прошират од запад кон исток, при тоа ќе поминуваат од врнежи од дожд во врнежи од снег.

Во четврток од ноќта и претпладне ќе има појава на замрзнат дожд на патиштата, а преку денот на југоистокот врнежите ќе бидат од дожд. Врнежи со помал интензитет се очекуваат и во петок кога ќе биде најстудено и тие ќе бидат претежно од слаб снег.

Коментари

Популарно