Таа е гласна во кревет? Не е затоа што си многу добар!

Повеќето жени ги користат воздишките за време на сексот за да манипулираат со својот партнер, покажа британското истражување.

Студијата на Универзитетот во Лидс, во која учествуваа повеќе од 70 жени на возраст од 18-48 години, покажа дека жените свесно се обидуваат да влијаат на однесувањето на партнерот за време на сексот со испуштањето одредени гласови, но не за да им дадат до знаење дека уживаат во сексот.

Во прашалникот што го пополнувале, дамите ги карактеризирале видовите звуци со кои се служат.

Звуците варираат од целосна тишина, до воздишки, стенкање, викање, зборови што го вклучуваат името на партнерот или „Да!“, или зборови како „посилно!“ или „повеќе!“.

Потоа ги прашаа зошто ги испуштаат таквите звуци и дали тогаш постигнуваат оргазам.

„Жените користеле вокализација за да ја забрзаат ејакулацијата на партнерот поради здодевност, замор, непријатност или временско ограничување“, објаснуваат водачите на истражувањето.

Со други зборови, љубовните и страствени звуци на жените не се доказ за нивното губење на контрола и уживање, туку манипулација.

Испитаниците признале дека по правило се потивки и не стенкаат во голема мера кога навистина постигнуваат оргазам. Исто така, признале дека врвот најчесто го доживуваат за време на орален секс.

Една четвртина од испитаниците редовно се служат со овој лажлив метод и своите партнери ги охрабруваат со стенкање и со звуци на уживање, а дури 87 % од жените тврдат дека едноставно сакаат да ја подобрат самодовербата на партнерот.

Коментари

Популарно