Српската пејачка Маја Беровиќ, која патувајќи за Виена, пред два дена, ја сними својата сообраќајна несреќа во живо.
Маја, во моментот на сударот седеше на задното седиште и се снимаше, кога во нејзиниот автомобил удри друг автомобил.
– Се е во ред, живи и здрави сме. Нема повредени, само има штета на автомобилите. Како можеше да биде, одлично помина – изјави популарната пејачка.
Во моментот на сударот, Маја добро се растресе низ автомобилот, а како изгледаше сударот во живо, погледнете на видеото, кое пејачката го постави на нејзиниот Инстаграм профил.