Со векови се мислело дека Исус бил слаб и има долга коса, но

Долга руса коса, сини очи и долги и вретенести екстремитети и „негуван“ – тана веќе со векови се змаислува и прикажува Исус Христос. Тоа е една европоцентрична визија за човекот кој најверојатно не изгледал така. Токму како што не изгледал и како што многумина актери го имаат овековечено на големото филмско платно.

Историчарката Џоан Тејлор од Универзитетот во Лондон напишала книга за мистеријата на изгледот на Исус, а заклучокот е дека наликувал на поголемиот дел од своите современици – бил релативно низок, со маслинест тен, кафеави очи, мускулест и веројатно со кратка коса.

Со оглед дека Исус бил столар, Тејлор заклучува дека тој со оглед на својата професија и начинот на живеење во тоа време, веројатно бил и физички дисфигуриран, имал лузни, стари несаниарни скршеници или кожни болести кои тогаш владееле.

Поради физичката работа и слабата исхрана во комбинација со археолошките и анторполошки докази заклучокот е дека Исус, најверојатно бил мускулест и со „набиена“ градба.

Интересно е што Стариот Завет најчесто не бега од физички описи на протагонисти, па така кралевите Давид и Саломон и патријарсите Абрахам и Мојсеј ги опишува, како што денес би се рекло „атрактивни“. Изгледот на Исус се третира на сосема поинаков начин.

Недостатокот на опис на неговит лик, тврди Тејлор, исто така е порака која зборува дека Исус изгледал како и „просечен граѓанин на Јудеја“. На некои места се опишува како често Исус „исчезнувал во масата“.

Во Стариот Завет пророкот Изаија најавува раѓање на човек кој нема да привлекува внимание со својот кралски изглед, туку дека луѓето ќе го следат поради зборовите кои ќе ги кажува. Почесто се опишува неговата облека, од неговите физички карактеристики.

Тејлор не е прва која ја отфрла визијата за висок и русокорс, „ариевски“ Исус, но прва ги доведува во однос условите во кои Исус живеел и работел со неговиот физички изглед.

Првите прикази на неговито изглед датираат два века по неговата смрт. христијанскиот теолог Иринеј зборува како христијаните тврдат дека имаат портрет на Христос кој го направил Понтие Пилат, но за тоа нема никакви докази.

– Исус јадел нередовно и малку. Многу одел, се занимавал со работа за која била потребна физичка издржливост, бил слаб, но мускулесто слаб, а не виток и вретенест. Недостатокот на описи и епитети укажува на тоа дека бил со просечен изглед, т.е. не се истакнувал со убавината, заклучува Тејлор и уште еднаш повторува дека поголемиот дел од приказите на Исус Христос се израз на европските културни вредност, а не реалноста.

Коментари

Популарно