Уапсен поранешниот претседател на Франција, Николас Саркози

Поранешниот француски претседател Николас Саркози е притворен во полиција во врска со наводите дека за неговата претседателска кампања во 2007 година, добивал финансиска поддршка од тогашниот либиски лидер, Муамер Гадафи.

Саркози претходно ги негираше сите прекршоци. Централнодесничарскиот политичар не успеа да се врати на власт во 2012 година. Судски извори велат дека тој бил испрашуван во Нантер, предградие во западен Париз.

Во 2013 година Франција отвори истрага за тврдењата дека неговата кампања имала корист од нелегалните средства од Гадафи.

Извори велат дека еден од поранешните министри на Саркози и близок сојузник, Брајс Хортефо, исто така, денеска бил испрашуван од полицијата.

Коментари

Популарно