(ВИДЕО) Славниот фудбалер на мета на критики: Го платиле 200 милиони евра, а тој се забавува во Бразил со скршена нога

Откако го повреди стапалото кон почетокот на месецот, по што нема да игра до крајот на сезоната, Нејмар замина на рехабилитација во Бразил и на своите пријатели им рекол дека нема намера да се врати во Париз.

Трансферот во Париз Сен-Жермен се одвивал целосно спротивно од неговите очекувања. Тој се надевал дека навивачите ќе го обожуваат и дека лигата ќе биде компетитивна.

Ништо од тоа не се случило, а откако ПСЖ испадна од Лигата на шампиони во осмина финалето од Реал Мадрид, Нејмар наводно повеќе не сака да игра за клубот кој минатото лето му ја исплати најголемата отштета во историјата на фудбалот – 222 милиони евра. 

Некои медиуми тврдат дека Бразилецот сака да се врати во Барселона, додека други пишуваат дека трансферот во Реал е веќе завршена работа.

И додека се исчекува расплетот на приказната околу неговиот трансфер, Нејмар безгрижно ужива во рехабилитацијата. Иако повреден, фудбалерот од ден во ден докажува дека не му е здодевно и ги полни трач рубриките со своето непристојно однесување.

Минатата недела, тој ја згрози јавноста со имитирање на Стивен Хокинг во количка, образложувајќи го тоа како опростување од починатиот научник, а сега ги изнервира челниците на клубот со новото видео.

На видеото се гледа како играчот за кој минатото лето беше издвоена рекордна цифра и кој се заканува со заминување од клубот, ноншалантно танцува со скршена нога на роденденската прослава на сестрата на својата девојка – манекенката Бруна Маркезин.

Коментари

Популарно