ФОТО: И без законот почна двојзачноста на униформите во Гостивар!

Усвоениот закон за јазици во Собранието на Република Македонија, сеуште не е официјален и стои во фиоката на претседателот Иванов, но во Гостивар веќе се применува!

Без потшишан указ од Иванов и објавување на законот во Службен весник, истиот не може да се официјализира, но ова не му пречи на некого во Општата болница во Гостивар, па решил на своја рака да спроведе двојазичност на униформите на медицинскиот персонал. Работата оди до таму, што  дури и да се донесе, според многумина неуставниот закон за јазици, начинот на кој е напишан тесктот на униформите се коси со член од истиот закон. Па така во член 7 од заглавениот закон за јазици, стои дека СЕКОГАШ Македонскиот јазик ќе биде прв, а во случајот тоа не е така.!

Коментари

Популарно