СТРАШАНО: Мајка пријавила дека и го украле автомобилот со 2 годишната ќерка во него, но...

Двегодишната Кјара Мур од Кармартеншир во западен Велс, која следната седмица требало да наполни три години, трагично загинала кога автомобилот во кој била оставена сама завршил во река.

Автомобилот изчезнал вчера во 15:30 часот, а полицијата подоцна го пронашла во реката Тејфи. Спасувачките екипи го извадиле девојчето од автомобилот, а потоа го одвеле во болница.

Мајката на Кјара, Кимберли Роуландс, вчера во околу 15:30 часот буквално на една минута излегла од автомобилот за извади пари, и затоа го оставила девојчето внатре. Веднаш се вратила, но автомобилот не бил таму. Несреќната мајка се огласила и на Фејсбук. “Го видел ли некој мојот автомобил, украден е со мојата ќерка, која е внатре. Ве молам, споделете”.

Полицијата два часа трагала по сребрениот “Мини Морис” и конечно го пронашла во реката Тејфи. Спасувачите успеале да го ослободат детето од возилото. Ја однеле малата Кјара во болница, но таа ја изгубила борбата за својот живот само една седмица пред да го прослави својот трет роденден.

Таткото на Кјара, Џет Мур, потврдил на Фејсбук дека девојчето починало вчера во болница, со порака дека “имала прекрасен, но краток живот”.

Полицијата известила дека досега никој не бил уапсен и дека истрагата е во тек. Исто така ги замолиле сите потенцијални сведоци да се јават.

Денеска мајката на социјалните мрежи напишала дека таа е виновна за смртта на своето детенце, бидејќи лошо паркирала и автомобилот само тргнал во реката. Ова е местото каде паркирала:

Коментари

Популарно