Си фрлила богатство вредно 100.000 долари, но имала среќа

Жена од американската сојузна држава Џорџија по грешка во ѓубре исфрлила три прстени и една нараквица со вкупна вредност од околу 100 илјади долари.

Таа во паника се јавила на директорот на локалната депонија, за да се обиде да го пронајде нејзиниот накит. Меѓутоа таа депонија дневно собира по околу 10 тони смет.

Директорот изјави дека во такви случаи е клучно брзо да се реагира, за предметите да не бидат засекогаш изгубени. Тој осбрал тим од пет луѓе кои почнале да го пребаруваат собраното ѓубре.

Неколку часа по започнувањето на потрагата, тие го пронашле накитот вреден 100 илјади долари и го вратиле на сопственичката.

Не е познато дали и колкава награда добиле работниците за својот труд.

Коментари

Популарно