Скопјанка заврши на гинеколог со сериозни воспаленија од влошки

Скопјанка два пати заврши со сериозни воспаленија на репродуктивните органи на гинеколог, заради користење на овие влошки за месечен циклус.

Имено, на почетокот на минатата година, таа по 2-3 часа користење на Евридеј сензитив во циклус, добила црвенило.

Веднаш се измила и ја сменила влошката, состојбата не се подобрила, туку се влошила. Црвенилото преминало во чешање и болка.

Успеала некако да ја смири иритацијата откако се одмивала со камилица и кантарион. Следниот ден на проверка кај гинеколог и кажал дека има инфекција од хемиски средства во влошката и и дал лекарства.

Таа во следните месеци воопшто не користела влошки, туку обичен памук при месечниот циклус, се до еден ден, кога циклусот дошол предвреме.

– Побарав влошка од колешките и ми дадоа, за беља, не видов е истата од Евридеј. Осетив дека се развива воспалување и веднаш ја издавив и се измив убаво, но џабе. Црвенилото и чешањето преминаа во отоци и страшни болки, раскажува девојката.

Гинекологот препознал дека повторно се работи за иритација од памукот во влошката, во кој има хемиски супстанци за да мириса на свежо и чисто, а тоа го потврдиле и лабараториските анализи на секретот.

– Многу девојки добиваат реакција од користење влошки, особено оние кои се со ознака “fresh” и имаат мириси – тие се главни причинители на сериозни воспалувања кои потоа прераснуваат во инфекции на репродуктивните органи, ја советувал гинекологот девојката.

Гинеколошкиот преглед покажал: отекување на надворешниот дел од вагината, отекување на внатрешните ѕидови на вагината, иритација на матката и јајцеводите, црвенило и чешање на надворешниот и внатрешниот дел на вагината.

Интимната зона е една од најчувствителните на женското тело. Неопходно е да бидете добро информирани за да не патите од инфекции и други здравствени проблеми.

За жал, свесно или несвесно, овие 5 грешки жените ги прават многу често, па затоа имаат проблеми со интимното здравје.

Од денес внимавајте:

1. Мириси и парфеми

Повеќето гелови за интимна нега нудат парфимиран мирис, но она што всушност треба да барате е pH неутрална вредност, а не мирис на цвеќе или ванила. Кога користите гелови и други козметички производи со агресивни мириси, ја уништувате природната рамнотежа.

2. Директен млаз вода

Ова е важно правило – никако не ја насочувајте водата директно кон интимните делови. На тој начин ги измивате добрите бактерии кои ве штитат од инфекции.

3. Храна

Солената и претерано слатката храна прават нерамнотежа на киселоста на телото, па лесно можат да ја нарушат pH вредноста и на интимните делови. За да се спасите, секојдневно консумирајте јогурт, јаболков оцет, незасладен сок од брусница, производи од соја и лук.

4. Тесна долна облека

Танга гаќичките исто како и оние од тантела се прекрасни, но може да ви направат поголема штета отколку корист. Тие не и дозволуваат на кожата да дише, па станува влажно место подложно за ширење бактерии. Потпрете се на памучната и комотна долна облека.

5. Менување на хигиенските влошки

За време на менструалниот циклус, важно е да внимавате на хигиенските влошки и тампоните, односно временскиот интервал на кој ги менувате. Поточно, треба да ги менувате на секои 2 часа, или по секое одење во тоалет. Заборавете на штедење во овој случај.

Коментари

Популарно