Синди го изгуби спорот со нејзиниот поранешен сопруг: Ме тепаше и гасеше цигари врз мене, а сега ми ја одзеде и ќеркичката!

На поранешната моделка Ивана Стаменковиќ Синди пред три години, судот и го одзеде старателството над  ќеркичката Петра, а спорот кој со години го водеше со поранешниот сопруг Никола Павловиќ неодамна заврши со пресуда која повторно е неповолна за неа. Ивана го тужеше бившиот сопруг за семејно насилство, за да го добие старателство над својата ќерка, но таа не успеа да ја добие оваа битка, бидејќи случајот беше прогласен за застарен.

„Мојата кривична тужба во спорот оод 2012 година против Никола, кој ме претепа и гасеше цигари врз мене, за што ги имам сите докази, по менувањето на судијата и јавниот обвинител на инсистирање на спротивната страна, беше оценета како застарена” –  изјави Ивана за српските медиуми.

Стаменковиќ повремено ја гледа својата ќеркичка, но вели дека тоа не е доволно за неа.

„Секој втор викенд е со мене во вторник и четврток. Имам чувство дека вечност поминува до нашата следна средба” – рече Иван.

Коментари

Популарно