ВИДЕО: Повторно солзавец во косовското Собрание

Повторно димна завеса во Собранието на Косово. Пратениците на движењето Самоопределување Фиторе Пацоли и Џелал Цвеќла активираа солзавец на седница. Со тоа го спречија почетокот на гласањето за нацрт-законот за ратификување на договорот за демаркација со Црна Гора.

Спречен е обидот на владејачките партии да гласаат за договорот што е услов на Европската Унија за косовските граѓани да добијат визна либерализација.

Седницата е прекината додека не се исполнат условите за нејзино продолжување.

Ова е четврти обид на косовското Собрание да го ратификува договорот за демаркација со Црна Гора.

За изгласување се потребни две третини од гласовите на пратениците, или 80, од вкупно 120 пратеници.

Евокомесарот за проширување Јоханес Хан, остро го осуди фрлањето солзавец во салата на косовското Собрание, од страна на пратеници на Движењето Самоопределување.

Силно ја осудувам употребата на солзавец. Ваквото однесување не е својствено на една земја во демократија. 

„На овој значаен ден, косовските лидери треба да бидат одговорни и да го изгласаат договорoт за демаркација. Нивните граѓани единствено може да профитираат од овој чекор кон визната либерализација“- изјави Хан.

Претходно, реагираше евроамбасадорката Наталја Апостолова, која  е вчудовидена од опасните тактики на Самоопределување.

„Вознемрена сум од солзавецот во Парламентот! Шокирана што пратеници од еден Парламент во Европа применуваат опасни тактики, кои Косово го враќаат назад“ - рече Апостолова.

Таа по прекинот на седницата имаше средба со лидерот на Самоопределување, Албин Курти.

Реагираше и американскиот амбасадор Грег Делави, кој рече дека во Косово нема место за насилство и додаде оти е оптимист дека  денеска ќе биде изгласана демаркацијата.

Коментари

Популарно