Се јави Владата на Р. Македонија: Дали вечерва ќе се отстранува „Воинот на коњ“?

По бранот информации на социјалните мрежи  дека вечерва ќе се отстранува споменикот Воин на коњ, се огласија од Владата на Р. македонија и  Министерството за Култура.

– Почитувани сограѓани, немојте да потпаѓате под влијание на лажни вести дека се случува отстранување на споменици од Плоштадот Македонија во Скопје, велат од Министерството за Култура и Владата.

Од таму додаваат дека на Плоштадот во Скопје не се планирани ниту се преземаат какви било физички зафати.

Секоја друга поинаква информација е лажна вест, велат од Министерството.

Коментари

Популарно