ИДЕАЛЕ КАФЕТО Е МОМЕНТ, ЖИВЕЈТЕ ГО!

Еспресото моментално е еден од најпопуларните пијалаци во светот. За да се доживее еспресото, најважен е квалитетот на самото кафе, но и квалитетот на неговата подготовка.

Совршената крема и интензивната арома се клучните елементи на доброто еспресо кафе. Доброто еспресо мора да има рамномерна пена по целата површина, со дебелина од 2 милиметри и кремаста боја со изедначен тон, без темни точки. Темните кругови на пената од еспресото се показател дека кафето не е подготвено соодветно и дека е точено подолго отколку што треба.

Мирисот мора да биде на свежо подготвено кафе. Ако нема мирис, тогаш сте добиле лошо подготвено кафе или кафе кое не е тазе. Вкусот на еспресото мора да биде полн и јак. Доброто еспресо е густо еспресо.

Квалитетното еспресо и квалитетно подготвеното еспресо може да се пие и без шеќер и без млеко. Можеби ова ќе Ви изгледа нереално сé додека не го пробате Идеале еспресото.

Еспресото е мешавина на различни видови Арабика и Робуста зрна кафе во одреден сооднос. Арабиката како чисто кафе има најбогат, најпрефинет вкус и супериорен квалитет, додека  робустата е кафе со силен вкус и дава одлична крема.

ИДЕАЛЕ е комбинација на внимателно одбрани различни видови кафе кои потекнуваат од плантажите во Бразил, Колумбија, Мексико, Јамајка и Централна Америка, каде секоја сорта дава свој печат.  

Идеале еспресото е спој на минатото и сегашноста, спој на италијанското и македонското, спој на високо квалитетни сорти кафе.

Достапно во 3 вида, односно вкусови, Перфето Крема, Пиачере и Пасионе, Идеале кафето е македонски производ со италијанска рецептура кое најоригинално да ја доловува сласта на кафето.

Секој што го сака кафето, секој што пие еспресо, ќе сака да ја знае и да ја доживее и приказната за Идеале кафето. А оној што ќе го проба ќе стане дел од светот на уживањето затоа што Идеале е кафе направено со срце.

Приказната за Идеале еспресото е испреплетена во цвеќето на кафето и во самото име.

Во суштината на кафето Идеале е емоцијата. Идеале ги обединува чувствата, ги обединува луѓето, ги обединува моментите.

Седумте „состојки“ кои ја сочинуваат суштината на Идеале кафето: импресија, друштво, емоции, алхемија, лајтмотив, емпатија, љубов се единствени и неповторливи. Толку многу состојки во толку мал филџан кафе. Толку многу доживувања, импресии и емоции. Идеале  кафето е проткаено со многу љубов, среќа, уживање и сласт. А осмата состојка е место резервирано за вашата приказна, место каде ќе го оставите вашиот личен белег.  Затоа што како дел од светот на Идеале сте дел и од светот на љубовта.

Идеале кафето е направно со љубов и за љубов. Затоа што посакуваме сѐ во Вашиот живот да биде проткаено со ЉУБОВ и со ИДЕАЛЕ.

Идеале кафето е момент, доживејте го!

Коментари

Популарно