ФОТО: Скопјанката Вики од „Големиот брат“се појави пред камери и тоа кај Лила на гости!

Поминаа девет години откако близначките Вики и Кики Ралеви учествуваа во третата сезона од реалното шоу „Големиот Брат“ во Србија.

Тогаш, Македонија за првпат имаше свои претставници во таа верзија на шоуто, а Вики беше една од највпечатливите, особено поради врската со 13 години постариот Карло Загорац.

Оттогаш летна речиси една деценија, за Кики се пишуваше дека се омажи, а пак Вики тогаш за брзо време ја заврши таа медиумски напумпана љубовна врска и како да целосно се повчече од медиумите и социјалните мрежи.

Но, сега  повторно доби желба да се појави пред камери и тоа кај Лила во „Се или нешто“ како поддршка во публика на својата пријателка Назли.

Емисијата сама по себе беше доста интересна, како поради Вики, така и поради убавата Назли која по потекло е Турчинка, но уште како мала со родителите се преселиле во Скопје.

Згора на тоа заедно со нив носеа и кученце. Што се однесува на Вики, се уште е она истата темпераментна и енергична девојка, која дури и од публиката беше во фокусот на камерите. Неколкупати и помогна на својата пријателка, која играше многу храбро, но си замина само со осум илјади денари.

Коментари

Популарно