Македонец од тетовско и Албанец од Скопје се ранетите војници

Мирослав Јовановски, роден во 1991 година, од тетовското село Сараќино, и Вели Шабани, роден во 1981 година во Скопје, се двајцата војници на Армија на Република Македонија што добија прострелни рани при чистење на оружјето по воена вежба во Еребино.

Двајцата војници од тетовската касарна „Кузман Јосифосвски-Питу“ околу 10:15 часот беа примени на одделот за хирургија во волницата во Тетово, а поради сериозноста на повредите на нозете обајцата биле префрлени на Клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар во Скопје.

„Едниот војник е на 28-годишна возраст, а другиот на 37-годишна. И двајцата се со прострелни повреди на левата натколеница, се наоѓаат во стабилна состојба и не се во животно загрозувачка состојба. И кај двајцата ќе се направи интервенција во текот на попладневните часови“, изјави министерот за здравство Венко Филипче по посетата на војниците.

Двајцата професионални војници на АРМ се повредиле утрово од истрелан куршум при чистење митралез.

Коментари

Популарно