Полиграфското тестирање ја откри вистината за порно актерката и аферата со Трамп

Полиграфското тестирање на порно ѕвездата Сторми Даниелс за случајот со Доналд Трамп, кое било спроведено во 2011 година, а до кое дојде „Си-Би-Ес Њуз“ откри дека таа всушност ја зборувала вистината. Преку полиграфското тестирање таа откри дека имала незаштите сексуален однос со Доналд Трамп.

Стефани Клифорд(Сторми Даниелс) одговарала на неколку сензитивни прашања. 

Резулатите биде оценети и на крај се констатирало дека таа ја зборува вистината , пишува „Инди“.

Белата куќа негира дека Сторми Даниелс имала афера со Трамп.

Порно актерката сега го тужи претседателот Трамп и неговиот адвокат, обидувајќи се да го раскине договорот за неизнесување на информации кој ја спречува да зборува сега за аферата.

Коментари

Популарно