Не оди на пазарување без милијарда долари вo џеб: Мухамед Бин Салман објасни како изгледа неговиот просечен шопинг

Во емисијата „60 минути неделно“, која се прикажува на каналот GBS, саудискиот престолонаследник Мухамед бин Саламан одговори на низа прашања за Исламот, женските права, затварањето на десетина саудиски принцеви и за своето богатство. 

Рекол дека е свесен дека во Саудиска Арабија е доминантна ултраконзервативна интерпретација на ислaмот која се држеше на растојание од немуслиманското постоење, одземајќи ги на жените основните човечки права, ограничувајќи им го друштвениот живот и забранување на кино, театар, како и слушање музика. 

- Бевме жртви, поготово мојата генерација која поради тоа најмногу страдаше, рекол по повод силниот бран на конзервативизам кој ја зафати земјата во 1979 година. Во јуни минатата година тој прв пат им допушти на жените да возат автомобил и силно се заложуваше за проширување на содржините од забавниот живот. 

На прашањето дали жените се рамноправни со мажите, принцот Мухамед одговори: Апсолутно. Сите сме човечки суштества и тука нема никаква разлика. 

Со неговото доаѓање на власт престана да важи строгиот правилник а и ги внел во многу други содржини, исто така изјавил дека владата ќе работи на регулирањето на платите на мажите и жените. Сепак, жените во Саудиска Арабија го поткренале т.н.законот за старателство кој машките членови од семејството даваат право да ги контролитаат сите аспекти од нивниот живот, како што е давање дозволна да патуваат во странство или да сакаат да направат некој хирушки зафат. 


Принцот Мухамед исто така ја брани својата одлука за затварањето на повеќе од  380 саудиски принцеви, бизнисмени и поранешни министри во владата кои ги држеше во куќен притвор во еден хотел.

- Тоа што го работиме во Саудиска Арабија е екстремно важно и потребно.  Се што сме направиле било во склад со важечките закони, рекол тој.

Роднините и пријателите на затворениците тврдат дека се принцови, поранешни членови на владата и бизнисмени кои биле психички и физички злоставување за да се согласат на владините барања. Еден од нив починал, а на телото имало видливи траги од злоставување, што владата на Саудиска Арабија го демантирала. 

Критичарите му замеруваат дека енормно троши од државните пари додека истовремено проповеда фискална одговорност, и на граѓаните им наметна и нови даноци. Во последните неколку години, принцот Мухамед купил суперјахта од 500.000.000 долари, француски дворец за повеќе од  300.000.000 долари и уметнички слики од 450.000.000 долари. 

- Кога станува збор за моите приватни трошоци - јас сум богат. Не сум сиромашен. Не сум ни Махатма Ганди, ни Нелсон Мендела.

Мухамед е наследник на кралската круна и ќе стане крал кога ќе почине неговиот татко, кралот Салман. теоретски Мухамед би можел да владее со Саудиска Арабија за 50 години. 

- Ако се оди по нормален ток, тоа и се очекува, рекол принцот, а пренесува Њујорк Тајмс.

Коментари

Популарно