Миленко Неделковски: Заев ќе го уапси Зоран Верушевски

Новинарот Миленко неделковски, чија емисија се емитува на YouTube, на својот ФБ профил, вчера објави неколку, како што тој вели аксклузиви. Ви пренесуваме една од нив: 

„Втора денешна ексклузива. 

Се спрема апсење на Зоран Верушевски. Таа вест циркулира веќе 4-5 месеци.

Но, најново е дека на апсењето на Верушевски инсистира амбасадата на САД во Скопје.

Заев се обидува тоа барање да не го исполни. Во последниве 2 месеци успешно ги ескивира американците по оваа основа, но сега веќе нема простор за отстапување. Апсењето на советникот на О. Спасовски е во тој контекст.

Доколку сака да продолжи да живее и работи Заев, ќе мора да го уапси оној на кој ќе му купуваше ауто.

И тоа во најскоро време.“

Коментари

Популарно