Како да препознаете нимфоманка?

Дефиниција за нимфоманија е : Претерана желба за постојани сексуални односи. Поимот се однесува исклучително за жени. Истиот потекнува од грчкиот израз кој во буквален превод значи “женска лудост”. Тоа значи дека се работи за жени кои лудуваат за секс и кои се сексуални зависнички.Во медицинскиот речник оваа појава се објаснува како синдром на постојана сексуална возбуда (Persistent Sexual Arousal Syndrome, PSAS), а оваа дијагноза официјално постои од 2001 година кога за прв пат бил образложен клинички случај на нимфоманија.

Како да ја препознаете нимфоманката?

Се вели дека нимфоманките се посебен вид на девојки. Но, како да разликувате нимфоманка од жена која едноставно ужива во сексот и не е зависна од истиот? Едноставно. Можеме да речеме дека љубителката на сексот се буди со помисла на секс и заминува на одмор. Нимфоманките пак се будат и заспиваат со секс. По правило, нимфоманките не се способни за долга и стабилна врска, освен ако партнерот е способен да ги задоволува нивните желби, кои понекогаш не се баш едноставни. Главната окупација во животот им е сексуалното задоволство, што може да има негативни последици по останатите области од животот. На пример, нема длабоки чувства, сексот станува безличен, иако често доживуваат оргазам , сексуалните активности можат да бидат досадни и веќе не нудат вистинско задоволство. Ваквите жени се хиперсексуални, а активност која им носи најголемо задоволство е секс или мастурбација.

Дали сите порно ѕвезди се нимфоманки?

Не! Порно индустријата ја пласира идејата за жени кои се сексуално ненаситни. Веројатно , повеќето мажи спомнувајќи го зборот нимфоманка, веднаш замислуваат некоја како Џени Џејмсон, но вистината не е ни приближно таква. Траба да се одвојат порно глумиците од вистинските нимфоманки. Филмските нимфоманки глумат исклучиво за потребите на филмот, додека пак вистинските нимфоманки со нимфоманијата живеат од ден во ден. Можеби во порно индустријата ќе се најде и некоја вистинска нимфоманка, но, главната причина за таква работа и понатаму се парите и желбата за слава, а не задоволувањето на сопствените сексуални желби. На женското лице од порно филмовите, ретко се гледа вистинско уживање, она што пак е главна поента на нимфоманските сексуални односи.

Дали нимфоманките се само измислени од мажите?

Постојат мислења дека изразот нимфоманија е измислен од мажите и тоа само од една причина: Да го заштитат своето его. Мажите со големи сексуални потреби, се сметаат за страствени и уживаат во реномето –љубовџии, а жените кои покажуваат поголема сексуалност од просечниот маж, се доживуваат како закана, како нешто речиси незамисливо, поради што со леснотија се прогласуваат за нимфоманки. Истото го прават и мажите со потешкотии со ерекцијата, кои за да го сокријат своето чувство на срам и страв, лесно го употребуваат зборот нимфоманка.

Коментари

Популарно