Во еден ден се раѓаш, во еден ден умираш!

Марина Туцаковиќ замина на лекување во Германија, каде ќе се задржи неколку дена, како би била на автоимуна терапија.

На тој начин познатата авторка на бројни хитови се обидува да се бори со тешката болест.

Таа сега се огласи на социјалната мрежа Инстаграм, а нејзината емотивна порака ги разнежи и пријателите и фановите.

-Во еден ден се раѓаш. Во еден умираш. Во еден се заљубуваш. Во еден ден запознаваш личност која ти го менува животот. Во еден ден се се случува- гласи пораката на Марина.

Коментари

Популарно