ФОТО: Кокошката на Доста и снела јајце со бројки на добитна комбинација на џек пот!

Доста Комлјеновиќ, мештанка на Челе кај Приједор, има кокошка која снела едно чудно јајце, а благодарение на истото можела дури да добие и на лото но за жал тоа не се случило.

Кога го земала јајцето видела нешто шарено, се обидела да го исчисто но за жал не успеала. Потоа видела дека всушност тоа се броеви.

„Имаше шест бројки и можеа да се видат убаво, тројка, деветка, шестка.. Го повикав синот и му кажав што најдов. Никој од нас не е суеверен, но го послушав советот и одиграв лото. Сопругот го плати ливчето, но обична комбинација. Уште додал четворка и за жал ништо не добив“, вели Доста.

На тоа потполно заборавила, за после неколку дена броевите од јајцето да бидат извлечени во џекпот. И немало добитници.

„Не ми беше лесно кога го видов тоа, но што да правам, одиме понатаму. Редовно ќе ја играме истата оваа комбинација, па којзнае, можеби и ќе ни се посреќи, а можеби кокошката ќе снесе уште едно јајце со нови добитни броеви. Чудата сепак се случуваат“, со насмевка заклучи (не) среќната Босанка.

„За неа ќе направев посебен кокошарник. Да ужива“, се пошегува Доста, која јајцето на кое се наоѓаат броеви, љубоморно го чува и го покажува на заинтересираните.

Коментари

Популарно