(ВИДЕО) “Суперлепак” за рани на човечкото тело

Универзитетот во Сиднеј го претстави своето „лепило“ за човечко тело, кое рана од куршум или нож, ја затвора за само 60 секунди.

Оваа супстанца е создадена со помош на протеин кој го има во нашето тело.

Кога ќе се нанесе на раната, тоа веднаш го запира крвавењето, но и испраќа сигнали до телото за регенерација на оштетеното ткиво, и тоа двапати побрзо од вообичаено.

– Верувам дека овој пронајдок ќе биде исклучително значаен. Го запира крварењето за многу кусо време, што може да биде совршено во случаи кога на еден или десетици луѓе им е потребна помош.

Гледав како лекот делува при операција – ја собира раната за 60 секунди, изјави професорот Ентони Вајс.

Лекот првично е наменет за површни, кожни отворени рани, но делува и на внатрешните повреди.

Сиднеј, 30 март 2018

Коментари

Популарно