Најсмртоносната дрога се прозиведува во Македонија

Една од најсмртоносните дроги во светот кристал мет, за прв пат пронајдена и во Македонија. Во куќа во скопското село Грчец, МВР откри лабораторија за производство на синтетички дроги.

Полицијата трага по сопственикот на куќата, 36-годишен скопјанец кој според истрагата, опремата и материјалите за производрство на дрогата ги набавил со помош на пријател од Чешка.  Двајцата осомничени заработија кривични пријави и 30-дневен притвор, а во полициската акција досега е приведен само чешкиот државјанин. 

Од МВР велат дека најверојатно смртоносната дрога во земјава е откриена навреме односно пред да биде пуштена во промет, но истрагата треба да покаже колку време било потребно за нејзино производство и дали со пријавата ќе бидат отфатени повеќе осомничени лица.

 Кристал мет е веќе широко распространета на европскиот и американскиот пазар, шредизвикува силна зависност, а по конзумирање корисникот може да остане буден и по 30 часа без никакво чувство на замор. Првите последици се губење на телесна тежина, несоница и тешка депресија, а убива и за помалку од две години користење.

Коментари

Популарно