Ќе се изненадите: Без кои органи човекот може да живее

Човечкото тело е поотпорно отколку што мислевте. На пример, ако донирате половина литар крв, вашето тело брзо ќе ја надополни. Дури и ако останете без поголем дел од некои од органите, сепак можете да преживеете. Луѓето можат да живеат сосема нормално, дури и со само половина мозок, а постојат и органи кои комлетно можат да се извадат, а да немате никакви проблеми, пишува Индепендент.

1. Слезина

Таа е орган на лимфниот систем. Претставува депо – орган и складира крв, а исто така ги отстранува изумрените црвени крвни зрнца. Сместена е на левата, горна страна од абдоменот, зад желудникот и под дијафрагмата. Има две страни од кои едната кон дијафрагмата, а другата кон стомачните органи на која се наоѓа влезен отвор. Од тука влегува слезенска артерија, а излегува слезенска вена.

Ако не се третира повреда на слезината и таа искрвари, може да дојде до смрт, но ако целосно се отстрани поради некоја друга причина, човек може да живее, бидејќи улогата што таа ја игра, во голема мера без неа продолжува да ја игра црниот дроб.

2. Желудник

Желудникот има две главни функции: механичко варење и доситнување на храната и хемиско варењето на храната со киселина која помага да се разградат парчињата од јадењето.

Понекогаш се отстранува со операција поради рак или друга причина, а во тој случај хирургот хранопроводникот го поврзува директно со цревата. По заздравувањето луѓето можат да јадат нормално.

3. Репродуктивни органи

Примарни репродуктивни органи се јајниците и тестисите. Овие органи доаѓаат во парови, па ако останете со еден, сеуште можете да имате деца.

Отстранувањето се врши најчесто поради рак или повреда. Истражувањата покажуваат дека жените по отстранување на јајниците живеат исто долго како и со нив, а на некои мажи по отстранување на тестисите животниот век дури и им се зголемува.

ККај жените исто така може да се отстрани матката, по што повеќе не можат да имаат деца.

4. Дебело црево

Дебелото црево е долго 1,5 метри, дел е од дигестивниот тракт и се надоврзува на тенкото црево.

Се состои од четири дела: слепо црево, колон, право црево и аналаен канал. Неговата основна функција е апсорпција на вода и собирање на несакани остатоци што се претвораат во фекалии.

Понекогаш, поради болест, треба да отстрани еден дел од него или целото. Луѓето обично по операцијата се целосно опоравуваат, но можно е да постои потреба да ја прилагодат храната што ја внесуваат.

5. Жолчното кесе – Жолчка

Жолчното кесе лежи под црниот дроб на десната страна на абдоменот, веднаш под реброто. Црниот дроб создава жолчна течност за да ја помогне со разградување на маснотиите и оваа течност се чува во жолчката.

Понекогаш се појава на камен/ња воа жолчката, па постојат случаи кога таа мора да се отстрани.

6. Слепо црево

Слепото црево е почетниот дел од дебелото црево. Она што луѓето го нарекуваат слепото црево е всушност само еден дел од дебелото црево – црволик, кој се наооѓа на крстопатот помеѓу дебелото црево и тенкото црево.

Слепото црево кај човекот, вообичаено од 8-10 см и помалку од 1,3 см, нема функција во системот за варење. Неговите мускулни ѕидови ги исфрлаат своите мукозни секрети или кои било цревни содржини што влегуваат во него.

Понекогаш, со воспаление на слепото црево, тоа мора да биде хируршки отстранети, но операцијата се изведува кога постои опасност содржината од слепото црево да се разлее по околните органи.

7. Бубрези

Поголемиот дел од луѓето имаат два бубрега, но може да живаат сосема нормално и со еден или дури и без ниеден, но во овој случај ќе треба да одат на дијализа.

Функцијата на бубрезите е да ја филтрираат крвта, да вршат контрола на водата во телото, осмотска контрола на екстрацелуларната течност, киселинско-базна рамнотежа, концентрацијата на поедини електролити во телото, артерискиот крвен притисок и веројатно еритропоезата.

Постојат различни причини зошто луѓето мораат да отстранат еден или два бубрези: наследни болести, оштетување од лекови, алкохолот или инфекција. Ако лицето остане без бубрезите, нивната функција се заменува со дијализа.

Очекуваниот животен век на лицата без бубрези зависи од неколку фактори: видот на дијализа, полот, други болести од кои луѓето можат да се разболат и возраста на пациентот.

Неодамнешните истражувања покажаа дека луѓето кои почнале да одат на дијализа на дваесет години може да живеат уште 16 до 18 години, додека лицата кои почнале да одат на дијализа во шеесеттите години може да се очекува да живеат уште пет години живот. Се разбира ова се само статистички податоци и од секое правило има исклучок.

Коментари

Популарно